МОДЕРНА КУЌА ВО БАРДОВЦИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ
14 феб 2022 10:10
Цена: 0 EUR
Основни информации
Тип на куќа | Самостојна куќа |
Тип на оглас (Недвижности) | Се изнајмува |
Површина м2 | 800 |
Дополнителни информации
Опис
ID7494H
Се изнајмува нова комплетно опремена куќа во новиот дел на Бардовци, со вкупна површина од 800м2, од кои што 400м2 се дворно место и базен, а 400м2 се внатрешна површина на куќата.
Куќата е поделена на сутеренски дел, приземје, и два ката.
Сутеренскиот дел е со површина од 100м2, располага со посебен влез, голема просторија, две помали простории и тоалет. Овој спрат моментално е празен и е предвиден за место за релаксација.
Приземјето од куќата исто така располага со површина од 100м2 и располага со голем салон кој што излегува на голема тераса со поглед кон базенот, работна соба, опремена кујна и гостински тоалет.
Првиот кат е со површина од 120м2 и на овој кат се сместени спалните соби, моментално има три спални соби и голем ходник, но по потреба може да се прегради дел од просторот и да се приспособи како четврта спална. Секоја од спалните соби излегува на тераса. На овој кат има голема бања со џакузи, а мастер спалната располага и со сопствен тоалет.
Вториот кат располага со површина од 80м2 и овој кат е спремен како гостински апартман со три спални соби од кои што едната е голема спална соба со сопствена бања, една помала спална и третата спална е пренаменета како гардеробер соба. На овој кат има и тоалет каде што се сместени машините за перење и сушење. Овој спрат располага со пространи големи тераси.
Во предниот дел од куќата се наоѓа двор со зеленило, каде што се поставени лулашките за деца, а во задниот дел од дворот се наоѓа базенот.
![]() Прегледај профил на огласувачот |
|